Мицкоски: Алта банка ќе добие нов сопственик
Премиерот вели дека сценаријата што ги најавува опозицијата нема да се остварат.
Алта банка од Битола ќе добие нов сопственик, а нејзините акции ќе се продаваат на јавна аукција. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека „опозициските хорор-соништа нема да станат реалност“.
На надзорната расправа во Собранието за случајот „Алта банка“, на 11 ноември, Мицкоски покажа одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 2023 година. Со неа тогашната влада предводена од СДСМ дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка Битола, денешна Алта банка.
„Секој кој ќе ги исполни условите може слободно да води бизнис во Македонија“, нагласи премиерот.
Темата е на дневен ред и во ВМРО-ДПМНЕ: Извршниот комитет на партијата одлучи да организира теренски активности низ општинските комитети, со Алта банка во фокусот.