Доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје
За публицистика наградени се Леунора Калиќи и Огнен Марина за „The Skopje Project“.
Градот Скопје вечерта на 13 ноември ги додели наградите „13 Ноември“, по повод 82 години од ослободувањето на градот. Наградата традиционално се доделува во повеќе области, меѓу кои култура, наука, уметност и архитектура.
Од областа на публицистиката наградени се Леунора Калиќи, за долгогодишна професионална работа во новинарството и публицистиката, и Огнен Марина, за делото „The Skopje Project“, посветено на истражувањето на обновата на Скопје.
„Најголемата обврска на денешните генерации е да ја продолжат борбата за подобра иднина и да изградат град што гордо ќе им биде предаден на идните поколенија“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на свечената академија.
13 Ноември е Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна, во 1944 година.