844 минути без гол завршија. Серијата без победа продолжува
Шести пораз по ред, 13 натпревари без победа. Што покажа Глазгов пред Словенија.
Серијата од 844 минути без постигнат гол заврши во Глазгов, кога Елмин Растодер погоди со глава во 57. минута по корнер на Енис Барди. Тоа беше најважниот момент од натпреварот на „Хемпден парк“ што Македонија сепак го загуби со 2:1.
Репрезентацијата на Гоце Седлоски играше многу подобро отколку во претходните натпревари, но доживеа шести пораз по ред. Серијата без победа е 13 натпревари.
И вториот гол на Шкотска падна од пенал досуден по сугестија на ВАР, исто како во првиот натпревар во Скопје. Тоа покажува колку се тесни разликите со посилните противници.
Последна шанса оваа година е реваншот со Словенија в понеделник од 20:45 на Националната арена „Тодор Проески“.